Талески со „специјален мотив“ против Хрватите (фото)

Филип Талески се уште не е на посакуваното ниво на овој ракометен Мундијал, па се очекува негов блесок на денешниот дуел со Хрватска, на кој бекот на Рајн-Некар Левен ќе треба да преземе поголема одговорност.

Талески има и дополнителна мотивација, откако неговата сопруга денеска пристигна во Минхен заедно со ќерката Софија.

„Мојата најголема мотивација“ – напиша Талески на фотографијата со своето семејство објавена на инстаграм-профилот на македонскиот репрезентативец.

 

Се вчитува...