Талески стави печат на триумфот над Миркуловски

Филип Талески се радуваше на триумф над Филип Миркуловски во „мак-дербито“ од Бундес-лигата, откако Рајн-Некар Левен ја оправда фаворитската улога против Вецлар триумфирајќи со резултат 31-21.

Гостите одлично парираа во првото полувреме, на одмор се замина со предност на „лавовите“ од само два гола разлика (15-13), за предводени од Анди Шмид домашните ракометари во вториот дел резултатски да се одлепат и на крајот заслужено да се радуваат на победата.

Талески постигна еден гол, и тоа во последната минута од натпреварот, за конечни 31-21, најефикасен беше Шмид со десет погодоци, додека на спротивната страна Миркуловски два пати се запиша меѓу стрелците, заедно со две асистенции за голови на соиграчите.

Се вчитува...