ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Филип Талески блесна на стартот од второто полувреме, со три гола во низа носејќи предност од „плус пет“. За жал, младиот „бомбардер“ затаи заедно со сите останати во финишот, кога противникот успеа да го сврти резултатот во своја полза.
„Почнувајќи од мене, мислам дека во тие одлучувачки моменти не одигравме на посакуваното ниво во одбраната, му дозволивме на противникот да постигне неколку голови, да се врати, а потоа и да го сврти резултатот во своја полза. Знаете како се вели, толку блиску, а толку далеку, таков е спортот, можеби желбата беше преголема и во неа изгоревме, разочарувањето во секој случај е огромно. Покажавме карактер од самиот почеток, имавме и поддршка од капитенот Лазаров од крај самата аут-линија, но за жал не издржавме, како да се исплашивме од победата…“ – истакна разочараниот Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА