ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонија немаше одговор за цврстата шпанска одбрана на синоќешниот натпревар во Вараждин, a Филип Талески посочи што точно беше проблемот во нашиот напад.
„Имавме план што ние како играчи не го спроведовме. Требаше да напаѓаме подиректно, да одиме на шут… знаевме дека шпанската одбрана е фанатична и затоа моравме да играме беспрекорно, наместо тоа ние ќе ја спуштевме топката на земја, а веќе на две такви ситуации тие беа до нас, ни ја земаа од раце и постигнуваа лесни голови“ – изјави Талески.
Пред ракометарите е исклучително тешка задача, да го остават зад себе поразот од Шпанците и во следните два дена да се обидат да стигнат до две победи над Чешка и над Данска.
„Ова треба што поскоро да се заборави. Ајде да кажеме дека е лош ден, но мораме да анализираме буквално се во нашата игра, ни остануваат уште две средби во два дена, така што треба да дадеме натчовечки напори ако сакаме да стигнеме до тоа посакувано полуфинале. Ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе“ – порачува младиот бек на Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА