Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Турција од 30-27 го завери настапот на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.
Еден од најискусните во репрезентацијата Филип Талески по мечот изјави дека му е мило што го испратија Гоце Георгиевски со победа.
„Покажавме дека можеме, од негатива од 4 разлика, се вративме. За нас тоа е еден показател дека треба да веруваме во себе и дека можеме да играме против секого. Во денешно време е тешко да се победи било кого, сите напредуваат, сите играат ракомет, сите вложуваат. Добро е што се надополнуваме еден со друг и најважно е што го задржавме тој континуитет на учество на големите натпреварувања. Сакавме Гоце да го испратиме со победа, тоа ни беше притисок можеби. Така да овој меч за нас беше тежок, емоционален. Среќни сме што му приредивме победа. Тоа што се случи со Кузмановски, тој пех, навистина е лошо за нас.Се надевам дека нема да биде ништо страшно, дека ќе биде само една обична дисторзија. Тој многу значи за оваа репрезентација““, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

