Вардар го забележа и петтиот пораз едно по друго во Лигата на Шампионите откако избраниците на Веселин Вујовиќ беа поразени од Пик Сегед со 27-30. Со тоа унгарскиот тим ја продлабочи кризата на македонскиот претставник во елитното ракометно натпреварување која трае веќе два месеци.
По натпреварот за медиумите говореше Филип Талески кој причината за поразот ја најде во катастрофалното отварање на натпреварот и 15 минутниот пост.
„Со резултат 8-1 на стартот на мечот не може да се игра против Пик Сегед. За поразот самите сме виновни, мораме да ја анализираме нашата игра. Благодарност до публиката за поддршката во овие тешки моменти, жал ми е што не успеавме да ги анализираме. Мора да собереме сили, ќе биде тешко, во криза сме, но мора да се исправиме и да одиме напред“, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА