ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Едно одлично полувреме во дефанзива, цврста, гранитна одбрана и сопствен рекорд за најмалку примени голови на полувреме на ЕП, но потоа комплетно поинаква слика, се разбрани чешкиот голман Галија и Македонија на крајот загуби со 27-25.
Во нападот повторно се зависеше од капитенот Кире Лазаров кој постигна 11 гола. Останатите од надворешната линија, повторно потфрлија. Не знаеја како да ја разбијат противничката одбрана, посебно во вториот дел.
„Паднавме многу во второто полувреме. Само Кире Лазаров погодуваше однадвор, немавме идеја како ја разбиеме одбраната на Чешка, се разбрани и голманот. Тоа што не смеевме да го дозволиме, токму тоа се случи, после добриот прв дел“, изјави Филип Талески.
Чешка и Македонија имаат по една победа и еден пораз по две кола, а од 18.15 часот е закажан вториот меч од групата меѓу Австрија и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА