Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје го одработи последниот тренинг пред утрешниот контролен натпревар со соодветната селекција на Косово.
Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ утре го игра првиот од двата контролни натпревари со Косово на стадионот „Фадил Вокри”, во Приштина со почеток во 19 часот.
Напаѓачот на Вардар, Михаил Талевски во пресрет на дуелот со Косово вели дека секој во тимот е подготвен за максимумот и позитивен резултат.
„Имаме одлични подготовки, максимално го користиме ова кратко време што го имаме до почетокот на квалификацискиот циклус во септември. Во склоп на овие јунски подготовки не очекуваат два контролни натпревари против Косово, репрезентација која е квалитетна. Сакаме да издвојуваме победа на двете средби, тоа е нашата цел. Се надевам дека ќе го покажеме целиот наш потенцијал и квалитет. Неоспорно е дека оваа група на фудбалери има квалитет, но тоа што најмногу ја краси оваа генерација е компакноста, желбата за докажување и победничкиот менталитет“ – вели Талевски и дополнува:
„Имаме тешка група во квалификациите која е составена од силни репрезентации како Италија, Шведска, Полска, но тоа не треба да претставува пречка, напротив треба да биде мотив плус за нас за да го дадеме максимумот на секоја средба, да не потцениме ниту еден противник и да одиграме добри квалификации“.
Вториот контролен натпрева помеѓу Македонија и Косово се игра на 31 мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје, со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

