Талевски: Утре со Хрватска е клучниот меч

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација е со максимален учинок по двата одиграни напревара од прелиминарниот групен сегмент на Светското првнество. Забележа и победа над Бахреин и сега е во очекување на дуелите со драстично посилните протвници, веќе утре против Хрватска.

„Не беше лесно, можам да кажам дека Бахреин е квалитетен противник, ќе имаат шанса да изненадат некој од фаворитите. Одигравме максимално во одбраната каде и што го добивме натпреварот. Навикнати сме на турнирски систем. Подготвени сме сите. Утре против Хрватска треба да бидеме максимално фокусирани. Тоа за нас е клучниот меч. Ќе се подготвиме максимално и ќе бидеме подготвени“ – изјави по натпреварот Филип Талески.

Македонската репрезентација утре ќе се соочи со Хрватска, а потоа ќе следуваат дуелите против Шпанија и против Исланд.

 

 

 

Се вчитува...