Жозе Мурињо и Фенербахче имаат за што да жалат откако веќе по првиот меч во новата сезона имаат негатива во однос на Галатасарај, по вечерашното реми на гостувањето против Гозтепе (0-0).
Дуелот го одбележа жестока борба, по еден црвен картон на двете страни, но Фенер ја имаше меч-топката во своите раце кога беше досуден пенал во судиското продолжение.
Талиска ја презеде одговорноста, но искусниот напаѓач се посрамоти, најпрвин не реализираше од белата точка, а потоа во продолжение на акцијата имаше зицер од два-три метри без голман, но ја промаши целата топка и го чинеше Фенербахче два бода на самиот старт од оваа сезона.
Talisca penaltı kaçırdı hhhqhhahhahahhahhah
Göztepe – Fenerbahçe #GÖZvFBpic.twitter.com/LKfmtG0y45
— Nìcò (@nicoxgala) August 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

