Тамара Мавсар го напушта Вардар

Левото крило на Вардар, Тамара Мавсар, на крајот на сезоната го напушта македонскиот шампион и се враќа во Крим. Словенечкиот тим на официјалниот профил на Твитер, објави дека со Мавсар е потпишан двегодишен договор.

Словенечката репрезентативка во Вардар дојде на почетокот на оваа сезона како засилување на позицијата лево крило заедно со Норвежанката Камила Херем. Но, Мавсар не влезе во плановите на „црвено-црните“ за следната сезона.

Од постоечкиот состав, Вардар ги продолжи договорите со Андреа Лекиќ, Амандин Лејно, Андреа Кликовац, Татјана Хмирова, Барбара Лазовиќ, Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер. Како нови засилувања доаѓаат Драгана Цвијиќ и Марија Петровиќ, а си заминуваат Сања Дамњановиќ, Тамара Мавсар и Ања Алтхаус која ја завршува кариерата.

Неофицијално има најави дека во првиот состав на Вардар шанса ќе добијат и неколку ракометарки од Вардар СЦБТ.

mavsar

Се вчитува...