Словенечката репрезентативка во дресот на Вардар, Тамара Мавсар по поразот од Будуќност во името на сите ракометарки на Вардар изрази жалење што денеска не успеале да постигнат победа иако сите ја посакувале, најмногу заради Кликовац. Но, Мавсар нагласи дека Вардар може да се врати во победнички ритам и сега фокусот е насочен кон завршницата во Лигата на шампионите
„Честитки за победата на Будуќност. Сите во Вардар ја посакувавме победата, најмногу поради Кликовац. Не успеавме да ја достигнеме, но, мора да продолжиме понатаму со оваа работа што ја почнавме и да се вратиме. Веќе во следниот натпревар не очекува Мец, ќе се подготвиме и да продолжиме понатаму во тоа што не очекува до крајот на Лигата на шампионите“ – рече Тамара Мавсар.
До крајот на главната фаза во ЛШ, на Вардар му претстои гостување кај Мец и завршниот дуел на домашен терен против Турнигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА