Тамба пропушти супер шанса, на полувреме мируваат мрежите на Шкендија и Јагелонија

Внимателно прво полувреме и од Шкендија и од Јагелонија кое заврши без голови. Темпото беше бавно, како и едниот и другиот тим да не беа заинтересирани како да дојдат до шанса, односно како да чекаа грешка за да може да се заканат.

Најсериозната шанса во првите 45. минути ја имаше Шкендија. Одлично Зејнулаи го проигра Тамба, кој беше во идеална шанса од десната страна, но неговиот удар отиде само крај голот на гостите.

Јагелонија се закани преку Вдовик од прекин. Од слободен удар од 25 метри шутираше прецизно, меѓутоа немаше проблеми Гаје да одбрани.

Во финишот на полувремето и една непосакувана сцена. Фудбалерот на Шкендија Арбин Зејнулаи за момент остана без по еден дуел на средината на теренот. Реагираше лекарскиот тим, но фудбалерот успеа да стане и да замине во соблекувалната. На негово место влезе Красниќи.

Се вчитува...