Тамба прво херој, потоа трагичар на Шкендија – ќе се играат продолженија во Разград

Благодарение на голот на Фабрис Тамба во вториот дел, екипата на Шкендија дојде до „егал“ на реваншот против Лудогорец, и сега ќе се играат продолженија.

Тамба во 64. минута од средбата успеа да намали на 2-1, и да го повтори резултатот од првиот меч. Меѓутоа крилниот фудбалер на тетовскиот тим од херој се претвори во трагичар, откако во 88. минута имаше „зицер“. Излезе сам пред Пад, и се обиде со лоб удар, меѓутоа топката заврши само крај голот. Штета! Подобра реакција на играчот на Шкендија, сега ќе донесеше големо славје за Шкендија.

Во првиот дел погоди Куртулус по одбиената топка од Гаје, а потоа погоди и Чочев. Шанса имаше и Каио кој ја погоди стативата. Во второто полувреме Лудогорец чекаше Шкендија да се отвори, но беше казнета за нивната дефанзивна игра. Имаше шанси и Крстиќ, меѓутоа Гаје беше внимателен и одлично одбрани.

Се вчитува...