Бранко Тамше е изборот на управата на Нексе за нов тренер на хрватскиот вицепрвак, откако тимот од Нашице остана без кормилар по одлуката на Хрвое Хорват да го преземе кормилото на хрватската репрезентација на местото на Лино Червар. Хорват вчера беше избран за нов селектор на „коцкестите“, а поради згуснатиот распоред во СЕХА и во Лигата на Европа челниците на Нексе немаа многу време за потрага, па експресно се догоорија со Тамше.
Овој 43-годишен стручњак ракометното реноме го создаде како предводник на Горење (три титули во Словенија) и пред се како тренер на Целје, клуб со кој за пет години освои 14 од можните 15 трофеи, но што е уште поважно, извади неколку извонредни талентирани млади словенечки ракометари. Тамше мина девет месеци и на клупата на ППД Загреб, а последниот тренерски ангажман во имаше во Ал Рајан.
Словенецот ќе дебитира на клупата на Нексе на гостувањето во Скопје против Вардар, меч од СЕХА-лигата закажан за 1 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА