Таму каде што никој не сака: Михајловиќ нов тренер на Ристовски и Спортинг Лисабон!

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ се одлучи да ја прифати понудата на Спортинг Лисабон, потпишувајќи тригодишен договор со португалскиот тим.

За Михајловиќ ова ќе биде седми клуб во тренерската кариера, и прв надвор од Италија. Србинот во Лисабон го чека тешка задача со оглед на тоа дека клубот, по бројните турбуленции, го напуштија дури седум стандардни првотимци. Но, во Спортинг, како што претходно беше објавено, останува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој и покрај инцидентот со навивачи, сепак е еден од најомилените фудбалери на фановите на тимот од Лисабон.

Како што е познато, навивачите влетаа во кампот на Спортинг на крајот од изминатава сезона откако тимот не успеа да се избори за настап во Лигата на шампионите. Претепаа неколку фудбалери, а најдобриот напаѓач Баст Дост заработи и тешки повреди, по што одлучи да го напушти клубот.

Во досегашната своја кариера Михајловиќ ги водеч Интер, Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино. А, беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

Се вчитува...