Даниел Андре Танде e победник на второто натпреварување од 65. издание на „Четири скокалници“, откако 22-годишниот Норвежанец со два импресивни скока ги остави зад себе ривалите во Гармиш Партенкирхен.
Норвешкиот скокач во првата серија имаше скок од 138 метри, за потоа во втората да скокне четири метра повеќе, што се покажа доволно за да стигне до првото место. Полјакот Камил Штох имаше импресивен скок од 143 метри во втората серија, доволно за да го освои второто место, но и да се искачи на првата позиција во генералниот пласман на половина од „Четирите скокалници“. Третопласиран беше победникот од Оберстдорф, Штефан Крафт, кој сега се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман.
По двете натпреварувања во Германија, сега ски-скокачите се селат во Австрија, каде на 4 јануари ќе бијат битка во Инсбрук, пред поделбата на трофеите два дена подоцна во Бишофсхофен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА