Н0рвешкиот ски-скокач Даниел – Андре Танде е победник на третата станица од познатата турнеја „Четири Скокалници“ која со одржа во Инсбрук. Таа беше со скратено издание поради силниот ветар, а Танде победи со скокот од 128,5 метри, откако успеа да освои 125,7 поени. Тој се искачи на првото место на пиедесталот иако неговиот сонародник Роберт Јохансон имаше подолг скок од 133 метри, но и малку послаби оценки за својата изведба.
„Ова е навистина неверојатно. Можеби ми помогнаа и временските услови. Многу ски-скокачи не сакаат да скокаат на силен ветар, но јас обожувам токму тогаш“, изјави Даниел – Андре Танде.
На третото место се најде Русинот Евгениј Климов со скок од 127 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА