Тандемот Дончиќ-Џејмс го сруши Њу Орлеанс, Леброн влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, влезе во историјата на НБА како играч кој постигнал 50.000 поени во регуларниот дел и плеј-офот – бидејќи неговиот тим убедливо го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 136:115. На Леброн му требаше само еден поен да ја мине таа граница, а постигна 34, со осум скока и шест асистенции. Брилијираше и Лука Дончиќ кој постигна 30 поени, 15 асистенции и осум скока.

Историската ноќ за Џејмс беше поемотивна поради фактот што неговиот син Брони играше за прв пат од 12-ти февруари. На теренот мина четири минути и имаше два поени.

Кошаркарите на Феникс го совладаа на свој терен тимот на ЛА Клиперс. Со тоа тимот на Клиперс го запиша шестиот пораз во последните седум натпревари од директниотконкурент за место во плеј-офот.
Феникс направија голем пресврт, со оглед дека имаа 16 поени негатива на полувремето, а дури 19 негатива во четвртата четвртина. Меѓутоа потоа како да не се појавија на теренот последните 12 минути, постигнувајќи 22 поени, а примија дури 43.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Хјустон 115:102
Орландо – Торонто 113:114
Атланта – Милвоки 121:127
Њујорк – Голден Стејт 102:114
Чикаго – Кливленд 117:139
Минесота – Филаделфија 126:112
Сан Антонио – Бруклин 127:113
Фeникс – ЛА Клиперс 119:117
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 136:115

Се вчитува...