Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Наум Танески, го објави списокот од 18 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот европски шампионат.
ЕП за ракометари до 18 години ќе се одржи од 7 август до 18 август во Подгорица, а пред избраниците на Танески е сериозен предизвик ако се земат во предвид ривалите со кои Македонија ќе се сретне на овој шампионат.
Имено,нашите млади ракометари го отвораат ова ЕП со настап против Франција на 7 август, еден ден подоцна играат со Германија, а за 10 август е закажан мечот од третото коло против селекцијата на Полска.
Собирот е закажан на ден 18.07.2024 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во Спортска сала Автокоманда во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА