Македонија ЃП ќе игра против ерменски Алашкерт во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа. „Лавовит“ веднаш по ждрепката во Нион не го кријат задоволството од противникот кој остава сериозна можност за пласман во следната рунда натпревари.
„Мислам дека Алашкерт е противник по мерка во обидот што подолго да останеме на европската сцена. Верувам дека добро ќе се подготвиме, добро ќе биде проучен и противникот кој согласно првите информации е добра шанса за наш пласман во следното коло. Можевме да добиеме и многу потешки противници, затоа секако може да бидеме задоволни од ждрепката“ – вели шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА