Таневски ги построи „пандевци“ и ги поведе кон Скопје на мегдан со Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Александар Таневски од денеска и официјално ја презеде командата над тимот на Академија Пандев. Ги построи фудбалерите во клупската база, го одработи првиот тренинг потенцирајќи им дека поседуваат несомнен квалитет и верува дека многу брзо ќе се вратат на победнички патеки.

Експедицијата на „пандевци“ вечерва пристигна во карантин во Скопје, во пресрет на утрешниот меч против Работнички. Ќе биде тоа деби за новиот тренер, а тој очекува фудбалерите да се покажат во вистинско светло…

 

Се вчитува...