Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Александар Таневски очекувано е разочаран по пропуштената можност со трофеј да ја заокружат оваа сезона во македонскиот фудбал.
„Лавовите“ по пенал-рулетот синоќа загубија од Академија Пандев во финалето од Купот на Македонија, но за Таневски неговите фудбалери се вистински морални победници минувајќи низ една одлична сезона.
„Испуштивме да се радуваме на трофејот само поради едно мало невнимание. Примивме гол за продолженија во моментите на се уште наша радост по постигнатиот гол. Но, тоа е фудбалот. Во секој случај за мене овие момци се вистинските морални победници. Минаа низ тешка сезона со многу борба во шампионатот и во Купот, но во секој случај на крајот успешна“ – вели Таневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА