Таневски: Ова беше една добра лекција за нас

Стратегот на Македонија ЃП, Александар Таневски по вториот пораз на „лавовите“ од Алашкерт и крајот на европски настап истакна дека сето ова било една добра лекција за неговиот тим кој едноставно немал можност за изненадување против квалитетниот ерменски тим.

„Ова е голема лекција за нас. Но, можам да им порачам на фудбалерите само главата горе затоа што Македонија ЃП ќе продолжи да работи и да напредува. Ние за само две години од Втората лига стигнавме и до европски настап и тоа доволно заборува како се работело во клубот. Честитки за Алашкерт која беше подобрата екипа во овој двомеч“ – рече Таневски на прес-конференција по мечот и дополни:

„За пласман во следната рунда, во секој случај, треба многу повеќе од тоа што ние го демонстриравме на овие два натпревари. Игравме малку конфузно и неагресивно, како некој просечен прволигашки меч и сето тоа донесе резултат каков што донесе. Сепак, ова е искуство од кое треба да се извлечат поуки“.

Се вчитува...