Марио Танкоски требаше да донесе свежина од клупата како прва замена на бековската позиција за Кузмановски или Талески, но бекот на Еурофарм Пелистер само се вклопува во сивилото на овој дел од нашиот национален тим.
Танкоски на денешната прес-конференција во Каиро ја откри причината за слабата игра и честите грешки во нападот – недоволната физичка подготвеност на нашите ракометари.
„Не успеваме во играта еден на еден, тешко пробиваме. Слабо сме физички подготвени, кога ќе истрчаме неколку напади стануваме изморени, а потоа тоа се одразува врз креативноста на нашите напади. Нема да биде лесно против Чиле, мораме добро да се подготвиме, да бидеме ангажирани, да покажеме емоција. Ако не го сториме тоа, ќе ни биде многу тешко“, изјави Танкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА