Еурофарм Пелистер без мака стигна до големото финале во Купот на Македонија, триумфирајќи со убедливи 15 гола разлика во полуфиналната пресметка против Бутел.
„Можеби кога ќе го видите резултатот се чини дека лесно сме победиле, но верувајте дека на теренот не беше толку рутински. Бутел е добра екипа што игра квалитетно, но денеска имаше пократок ростер од нас. Тоа беше клучно, тие немаа сили да го издржат темпото, а ние знаевме како да го искористиме тоа и да стигнеме до победата“, изјави бекот на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски.
Тој даде краток коментар и во пресрет на саботното големо финале против Вардар.
„Јасно ни е дека против Вардар ќе биде многу потешко. Имаме силен ривал против нас и ќе мораме да одиграме многу подобро од оној прв меч во плејофот во Скопје. Знаеме дека можеме многу подобро и ќе сториме се за да го донесеме трофејот во Битола“, истакна Танкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА