Младиот лев бек Марио Танкоски оваа сезона доби многу поголема шанса во дресот на Металург, ја искористи на добар начин, а очекува убав крај во СЕХА – лигата, со триумф против Војводина. Истовремено овој меч треба на „металурзите“ да им послужи и како добра подготовка за настапот во домашното првенство.
„Не очекува последниот натпревар во СЕХА-лигата, се надеваме на победа. Секако, тоа ќе биде добра увертира и за домашното првенство. Ние помладие ракометари оваа сезона добивме поголема улога во тимот. На почетокот беше тешко, имавме голема одговорност, но добивме и големо искуство. Мислам дека можевме да добиеме уште неколку натпревари во СЕХА – лигата“, изјави Марио Танкоски.
Натпреварот меѓу Металург и Војводина ќе се одигра утре, со почеток во 20.15 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА