Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер в четврток ќе му гостува на францускиот Пари Сен Жермен во натпревар од 4. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Бекот на „пелистерци“ Марио Танкоски вели дека францускиот шампион е најсериозниот испит сезонава за него и неговите соиграчи.
„Многу ни значи тоа што одигравме одличен натпревар против Кил. Влијае тој натпревар на самодовербата, иако не победивме, а имавме можност за тоа. Се подигнавме психички, па тоа ни е добредојдено за следните предизвици. ПСЖ е најсериозен испит сезонава. Заедно со Киелце, сметам дека нашиот следен противник е најсилната екипа во групата, па и во Европа. Го имаат најдобриот тренер во светот – Раул Гонзалез. Променет им е составот од минатата сезона, им треба време да се воиграат, но имаат екстра-квалитет. Сепак, се екипа од дваесет милиони евра, тука е голема разликата со нас. Треба да одиграме најдобро што можеме, па што биде, нека биде. Октоври и ноември се најтешки месеци во сезоната, но веќе сме во тој ритам и само да сме здрави и да не избегнат повредите, ќе ги исполниме целите“, изјави Танкоски.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за во четврток со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА