Металург загуби од Вардар во Суперкупот на Македонија со 24-26. Бекот на „металурзите“ Танкоски вели дека тимот е нов и ќе треба време додека се навикнат сите едни на други.
„За разлика од минатата сезона имаме скоро различен состав со друг тренер и друг систем, потребно ни е малку време да се навикнеме еден на друг. Мечот ќе беше друг, да не правевме глупави грешки. Имаме достоен пораз, не се посрамотивме. По четири години Металург игра во Суперлигата, малку ни е друго, но ќе дојдат подобрите игри за нас“, изјави Танкоски.
По Суперкупот, Металург се враќа на обврските во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА