Танковски: Му ја честитам двојната титула на Вардар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во суперинтересен натпревар загубија од Вардар со 23-22 во финалето на ракометниот Куп на Македонија на Ф4 турнирот кој се играше во Кавадарци.

Бекот на пелистерци, Марио Танковски ја искористи можноста да им ја честита двојната титула на играчите на Вардар.

„Честитки до Вардар за двојната круна. Штета за нас. Се боревме до крај. Последните десет минути влеговме во црна дупка и тоа беше проблемот. Сакавме да го освоиме трофејот, но не не посака“, изјави Танковски. 

Се вчитува...