„Танц“ на „црвените ѓаволи“ против Брајтон

Манчестер Јунајтед се искачи на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата со триумф над Брајтон со 4-2 во 9. коло.

Куња и Касемиро донесоа предност за „црвените ѓаволи“ со голови во 24. и 34. минута за 2-0 на полувремето пред Мбеумо во 61. минута да реализира за 3-0.

Брајтон ја врати надежта за бодови на „Олд Трафорд“ со головите на Велбек и Костулас во 74. и 92. минута, но конечните 4-2 ги постави Мбеумо со својот втор гол во 97. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...