Кратовскиот прволигаш Силекс во претстојниот зимски преоден рок ќе се обиде да го сочува составот со кој се избори за третата позиција на табелата по есенскиот дел. Засега, од засилувањата, во Кратово ќе се врати Ѓорѓи Танушев, играчот за врска кој во изминатите шест месеци настапуваше за второлигашот Борец.
„Во нашите редови ќе се врати Ѓорѓи Танушев, а во наредниот период ќе бидеме активни и ќе се обидеме да доведеме уште некое засилување. Но, приоритет исто така е да го задржиме ростерот со кој се пласиравме на третото место на табелата по првиот дел од сезоната“, вели за ЕКИПА, тренерот Жикица Тасевски.
Силекс ќе ги стартува зимските подготовки на 8.јануари, и првите две седмици ќе работи во својот град, а потоа од 22.јануари ќе замине на подготовки во Анталија, Турција. Враќањето е планирано за 4.февруари и глазура на формата пред вториот дел од шампионатот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА