Танзаниска „фристајлерка“ го предизвика Нејмар: Ти се обложувам во цела твоја плата дека подобро жонглирам! (ВИДЕО)

Кој вели дека жените не го владеат фудбалот?! Танзаниската фристајлерка Хадхара Чарпс Мјејеге го одушеви светот со жонглерските способности со фудбалска топка. Таа го предизвика и Бразилецот Нејмар, кралот на дриблинзите, обложувајќи се во цела негова плата дека ќе го ‘победи’ во жонглирање со топка. Од нејзиното видео се воодушеви и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Хадхара заработува за живот со изведбите со фудбалска топка. Нејзината демонстрација трае околу две минути, а гледачите за задоволството треба да платат 3,5 евра. Досега била на турнеја во Јужна Африка, Габон, Камерун, Етиопија, Малави, Кенија и во Мозамбик…Го чека и „дуелот“ со Нејмар.

 

Се вчитува...