Таре го носи Милинковиќ – Савиќ во Милан?

Името на Сергеј Милинковиќ – Савиќ повторно е актуелно во италијанската фудбалска јавност откако Милан реши да тргне во офанзива за летово да го доведе српскиот интернационалец назад во Калчо-лигата.

Поранешниот фудбалер на Лацио и во минатото беше поврзуван со „росонерите“, но Србинот при одлуката да си замине од Рим реши да се пресели во далечната Саудиска Арабија. Иако неодамна потпиша нов договор со Ал Хилал, Милинковиќ – Савиќ е подготвен за камбек во Европа доколку добие интересна понуда од клуб што би се борел за трофеи.

Зад оваа идеја се крие Игли Таре, директорот кој своевремено беше дел од управата на Лацио додека српскиот ас беше дел од овој клуб. Таре гледа на СМС како на важен дел од мозаикот за формирање на силен Милан, играч што во следните три-четири години би можел да доминира на терените ширум Италија како што тоа го правеше во дресот на римскиот клуб.

Се вчитува...