Игли Таре би можел да стане спортски директор на Милан во идниот период, и да се грижи за трансферите на фудбалерите и на тренерите кои во иднина би дошле на „Сан Сиро“.
Таре работеше како спортски директор на Лацио цели 15 години, односно од 2008 година до 2023 година, и од тогаш е без работа.
Албанецот има сериозни намери со Милан, а се шпекулира дека веднаш ќе се обиде да го врати Масимилијано Алегри на клупата на Милан, и тоа ќе биде неговата прва цел. Без разлика што и да се случи, веројатно Консеисао ќе си замине од клубот на крајот на сезоната.
Алегри е без ангажман од минатата сезона кога доби отказ од Јувентус. Тој работеше во Милан од 2010 до 2014 година, откако по подолг пост ја врати титулата во Милан во сезоната 2010-11. Потоа долги години беше дел од Јувентус, со кого освои пет пехари во Серија „А“, и два пати играше во финалето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА