Таре преговара со Мота, но Милан има други планови за тренер

Веднаш по стапување на Игли Таре на функцијата спортски директор, Милан почна преговори за доведување на нов тренер. Според италијанските медиуми, изборот на Таре е доскорашниот предводник на Јувентус, Тијаго Мота, и веќе почнал преговори со него.

Во исто време главен кандидат останува Винченцо Италијано, кој е моментално тренер на Болоња. Во комбинација е и Роберто де Зерби, како и Џанпјеро Гасперини од Аталанта.

Милан ќе добие нов тренер, откако нема да биде продолжена соработката со Серџо Консесиао, кој заврши како осмопласиран со тимот, а не успеа да го освои ниту Купот, откако во финалето загуби од Болоња.

Се вчитува...