Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ, би можел да се пресели во Милан. Наводно спортскиот директор на „росонерите“ Игли Таре сонува да го донесе Хрватот на „Сан Сиро“, како слободен играч со оглед дека го напушта Реал Мадрид.
Сега директорите на клубот и стручниот штаб на чело со Масимилијано Алегри ја дискутираат можноста за 39-годишниот Модриќ да пристигне во таборот на „росонерите“.
Оваа сезона Модриќ одигра 35 меча во Ла Лига, и имаше шест асистенции. Модриќ исто така има понуди од МЛС и од Саудиска Арабија, а исто така и Динамо Загреб размислува да го врати во своите редови. Играчот од средниот ред сака да има континуитет за да биде подготвен за настап на Мундијалот идната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

