Судот за Спортска Арбитража во Лозана (ТАС) денеска помилува 28 руски спортисти, давајќи им зелено светло за настап на претстојните Зимски Олимписки Игри во Пјонгчанг. Рускиот олимписки комитет имаше испратено жалби за одлуките на ИОК за суспензија на 42 спортисти од оваа земја, од кои што ТАС како основани ги прифати 28, како причина наведувајќи ги „недоволните докази“ поднесени од страна на Интернационалниот Олимписки Комитет.
Меѓу помилуваните спортисти има четири возачи на боб, петмина хокеари, осум натпреварувачи во нордиско скијање, четири во брзо лизгање… На листата на олимпијци кои добија право за настап во Пјонгчанг се наоѓаат и актуелните олимписки вицешампиони од Сочи, Олга Фактлулина (лизгање), Дмитри Труненков и Алексеј Негодајло (боб).
„ТАС формираше две комисии за разгледување на секоја од 42-те жалби пооддеално. Сите членови на комисиите беа едногласни во ставот дека доказите пондесени од страна на ИОК ја немаат истата тежина за секој случај пооделно, поради што казната не може да биде иста за сите спортисти“ – се вели во соопштението.
Во следните 48 часа ќе биде донесена одлука за уште тројца спортисти за кои постапката по нивната жалба е во тек, Олга Зајцева, Олга Вилукхина и Јана Романова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА