Младинскиот репрезентативен голман на Македонија, Стефан Тасев започнува интернационална кариера со потписот за бугарскиот второлигаш Дунав Русе.
20-годишниот Тасев изминатава сезона настапуваше во дресот на кавадаречки Тиквеш од каде сега се сели во Бугарија. Претходно има настапи и за Работнички, Вардар Неготино и Македонија ЃП во домашните шампионати.
„За мене е задоволство што ќе бидам дел од екипата на Дунав. Пресреќен сум од начинот на кој сум примен во тимот, па тоа е само мотив повеќе за мене да го дадам максимумот за овој тим и да помогнам да ги реализира своите цели. Ми се допаѓа што тимот се темели на млади фудбалери, па верувам дека брзо ќе се адаптирам на новата средина“ – истакна Тасев по промоцијата во новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА