Македонската репрезентативка, Марија Тасевска е избрана за најдобро лево крило во ол-стар тимот на ЕХФ-Шампионатот за ракометарки до 17 години што се одржа во Скопје.
Тасевска заслужено се најде во друштво на најдобрите. Таа беше една од најзабележителните ракометарки во македонската репрезентација која заврши на четвртото место на овој ЕХФ-Шампионат. Левото крило на македонската репрезентација постигна вкупно 21 гол, а двапати беше прогласувана за играч на натпреварот.
Признанието најдобра ракометарка на Шампионатот и припадна на Словенката Ема Хорватин, а најдобар стрелец е Маја Реџепи од репрезентацијата на Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА