Градската пресметка меѓу Работнички и Вардар ќе биде во фокусот на утрешното 24.коло од Првата фудналска лига. Дуелот ќе се одигра на арената „Филип Втори“, со почеток во 14.30 часот, а шефот на стручниот штаб на „романтичарите“,Жикица Тасевски, вели дека неговиот тим е подготвен за предизвикот.
„Натпреварите со Вардар секогаш носат посебна возбуда, актерите на двете екипи имаат посебна испирација. Работевме напорно за време на паузата поради репрезентативни настапи, ги анализиравме грешките, се обидовме да корегираме нешто во играта и се надевам дека ќе се прикажеме во многу подобро издание. По лошиот старт на пролетната полусезона, бодовите ни се потребни како леб. Но, и Вардар си има свои планови, и секако ќе биде тоа еден тежок и неизвесен дуел. Посакувам на крајот ние да се радуваме на триумф“, вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Главен судија на натпреварот меѓу Работнички и Вардар е интернационалецот Александар Ставрев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА