Силекс со три победи во низа ја заокружи есенската полусезона, а за крај славеше во Струмица, против амбициозниот дебитант Академија Пандев, кој покажа дека веднаш има европски амбиции. Кратовци со овој триумф (0-1) на стадионот „Младост“ ќе презимат на третата позиција на табелата, што им дава повеќе од реални шанси во борбата за излез во Европа напролет.
Тренерот Жикица Тасевски, кој го препороди Силекс во овој прв дел од сезоната, е задоволен од остварениот пласман.
„Би сакал да им честитам на фудбалерите за храбрата игра во Струмица, а и на членовите на Академија Пандев за фер – играта и одличниот прием. Остваривме навистина значајна победа во Струмица, и ќе презимиме на третата позиција. Ова е одличен крај на успешната есен за нас. Постигнавме први гол, го отворивме резултатот, и тоа ни даде крилја да одиграме на посакуваното ниво до самииот крај. Иако, морам да бидам искрен, имавме и спортска среќа во текот на натпреварот. Академија Пандев имаше неколку убави шанси за израмнување, а не искористи и пенал. Сепак, мислам дека целосно ги заслуживме трите бода со нашата игра и залагањето“, вели за ЕКИПА, тренерот на Силекс, Жикица Тасевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА