Тасевски револтиран: Срамен пенал, се смееше и прилепската публика

Силекс загуби на игралиштето на Могила од Победа со 1-0, со гол од пенал постигнат во судиското продолжение од мечот. Пеналот беше апсолутно сомнителен, а го реализираше Јорданчо Наумоски.

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, за ЕКИПА вели дека пенал видел единствено помошниот судија Гоце Петрески, кој му сугерирал на главниот делител на правдата, Димитар Мечкаровски. Вели дека тоа е срамна одлука на која се смееле и прилепчани што биле на игралиштето.

„Победа заслужува да биде прволигаш, но не на ваков начин. Пеналот беше срамен, се смееше цел стадион, дури и нивната публика. Освен помошникот Гоце Петрески, никој друг не го виде пеналот за време на натпреварот. А во првото полувреме имаше школски пенал над Недељковиќ, а тогаш немаше реакција од судиите. Ова е класично омаловажување на трудот на фудбалерите на Силекс. За кого ли се игра фудбалот во Mакедонија?!“, изјави Жикица Тасевски за ЕКИПА, по поразот во Прилеп.

Се вчитува...