Ташовски замина од Пелистер и се врати назад во ТФТ

Виктор Ташовски ќе биде големо засилување за ТФТ во клучниот дел од сезоната откако овој плејмејкер реши да си замине од редовите на Пелистер и да се врати назад во клубот каде ги мина најдобрите моменти во досегашниот дел од кариерата.

Ташовски минатото лето си замина од ТФТ и ја прифати понудата на Пелистер, но не се снајде најдобро во редовите на актуелниот вицешампион. По тренеската смена во Пелистер минутажата на овој кошаркар беше сведена на минимум, по што тој реши да си замине од Битола.

ТФТ не ја криеше желбата да го врати овој квалитетен плејмејкер во своите редови, па експресно беше најден заеднички јазик, по што трансферот и официјално беше потврден денеска.

Се вчитува...