Долгогодишниот македонски репрезентативец Диме Тасовски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Гостивар, потпишувајќи нов договор за продолжување на соработката со овој прволигаш. По постигнатиот договор со тренерот Србиновски челниците на Гостивар се насочија кон екипирање на ростерот за наредната сезона, а изградбата на тимот почна од најискусниот. Тасовски се наметна како еден од лидерите на екипата во ланската сезона по трансферот од Работнички, па од него се очекува во ист стил да продолжи и во новиот шампионат.
Покрај со Тасовски, нов договор денеска е потпишан и со Јетон Зеќири, поранешниот младински репрезентативец кој лани имаше добри настапи во дресот на гостиварци.
„Со Тасовски и Зеќири ја почнуваме изградбата на тимот за наредната сезона. Цел ни е во следниот период да осигураме потписи на уште неколку домашни играчи“ – изјави тим-менаџерот на Гостивар, Бали Саити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА