Екипата на Работнички на гостувањето кај Карпош соколи претрпе пораз на отворањето на новата сезона во Супер-лигата. И покрај фантастичната партија на Димче Тасовски кој постигна 37 поени, Работнички без Чековски мораше да се задоволи што загубија со само четири поени разлика.
„Тешко е кога не можам да ја крунисам со победа индивидуалната игра, иако бевме без еден од носителите на играта, ние пробавме да го свртиме мечот во наша корист. Можевме да направиме изненадување, но имавме пад на концентрацијата, кој сепак на крајот се покажа како клучен фактор за нашиот пораз. Ние на секој натпревар влегуваме со мотив за победа, особено кога играме на домашен терен. Се надевам дека против Куманово ќе го оствариме тоа и да поченеме полека да се качуваме на табелата.“ – изјави Тасовски по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА