Татко и ќерка од Словенија победници на „Охрид треил 2019“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Словенечките натпреварувачи Јуре и Јања Облак, татко и ќерка, се победници на првото издание на планинарската трка „Охрид треил“ која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.

Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41.

Во склоп на Охрид треил се одржа и малата трка на 35 километри. Во машка конкуренција најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а меѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

Одличен настап имаа и двете натпреварувачки на ЕКИПА.МК. Кристина Куновска заврши меѓу најдобрите 10 атлетичарки на патеката на 35 километри, завршувајќи ја трката за 6:25.31 часа, додека Рената Радичевиќ Станоевски трката ја заврши за 7:31.28 часа.

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

Машки 60 км.

1.Јуре Облак (Словенија) – 7 часа, 38 минути и 22 секунди

2.Дарин Марквард (САД) – 7.39.52

3.Никола Илиевски (Македонија) – 8.26.49

 

 

Женски 60 км.

1.Јања Облак (Словенија) – 9.55.21

2.Сања Најдовски (Македонија) – 9.59.14

3.Десислава Цветанова (Бугарија) – 10.06.45

 

Машки 35 км.

1.Марјан Бонев (Македонија) 3.59.42

2.Димитар Михаилов Миовски (Македонија) 4.06.28

3.Иван Пешовски (Македонија) 4.13.45

 

 

Женски 35 км.

1.Брук Филиповски (Австралија) 4:57.09

2. Aнтонија Брежовска (Македонија) 5.21.19

3. Ана Милосављевиќ (Србија) 6.01.20

 

Се вчитува...