Кошаркарот на Партизан, Двејн Вашингтон Јуниор, имаше од кого да побара совет пред да потпише за „црно-белите“ летово.
Неговиот татко Двејн Вашингтон Сениор играше во Европа по НБА, поточно за Мурсија и Гранада во периодот кога Жељко Обрадовиќ работеше на Пиринејскиот полуостров на клупите на Хувентуд и Реал Мадрид.
Поранешниот играч на Индијана, Феникс и Њујорк добил амин од неговиот татко да дојде во Белград.
„Ми кажа дека е страствен и дека е „луд“. Тие два збора одат заедно на највисокото ниво на кошарка, а тој исто така рече дека е одличен тренер, тој секогаш знае што да прави, неговиот напад е како добро подмачкана машина и тој знае како да го извлече најдоброто од неговите играчи. Вели дека научил многу од него, знаете, кошарката е тесен свет, ова е на некој начин затворање на кругот, и за моето семејство и за татко ми. За мене ова е затворање на кругот, на некој начин сум многу среќен и благословен“, рече Вашингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА