„Татко ми ми се јави веднаш по мечот, ме праша нешто за Меси и почнавме да се смееме“

Канадскиот фудбалер Алфонсо Дејвис синоќа одигра брилијантен меч во победата на Баерн против Барселона со 8-2. 19-годишниот лев бек во Баерн пристигна на почетокот од минатата година од Ванкувер како играч за резервниот тим, а потоа побрзо од очекувано се избори за место во првиот тим на минхенскиот клуб.

Дејвис синоќа покажа за каков потенцијал се работи во меч во кој имаше директна задача да го чува Лионел Меси, и тоа фантастично го одработи. По натпреварот откри дека Меси е и секогаш бил негов идол, и дека прво се слушнал со неговиот татко.

„Татко ми ми се јави веднаш по натпреварот и ми рече ‘Значи, ете, играше против својот идол и омилен фудбалер’. Му одговорив кратко: „па, да“, и потоа почнавме да се смееме. Не можевме да веруваме затоа што татко ми најдобро знае колку го следев Меси додека бев млад и дека тој е мој идол“ – истакна Дејвис.

Се вчитува...