Татко му на Алкараз со една реченица му одговори на Фереро

Разделбата помеѓу Хуан Карлос Фереро и Карлос Алкараз е тема на месецот во светот на тенисот, а доби нова епизода откако Фереро го прекина молкот во интервјуто за шпанските медиуми.

„Знам дека многу се зборува за пари, но од мојата младост секогаш сум покажувал дека парите не се најважното нешто. Не е точно дека сум барал повеќе, но точно е дека сум имал висок процент на заработка и сум им благодарен за тоа. Веднаш реков дека прашањето за заработката не е пресудно, ниту е мотивот за мојата работа со Карлос“, рече Фереро. 

Она што се провлекува низ бројните текстови е дека раздорот бил најголем во односот меѓу Фереро и таткото на Карлос Алкараз.

Сепак, таткото на Карлитос не сакаше подлабока дискусија преку медиумите туку само со една реченица му возврати на Фереро.

„Секој човек е слободен да изрази мислење врз основа на тоа што го знае“, изјави накратко Карлос Алкараз сениор. 

Се вчитува...